• сабота, 23 ноември 2024

Секција на сниматели при ЗНМ: Потребни се законски измени нападот врз медиумски работник да биде напад врз службено лице

Секција на сниматели при ЗНМ: Потребни се законски измени нападот врз медиумски работник да биде напад врз службено лице
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) – Последните напади и закани врз снимателите се само уште еден аларм дека се потребни измени во Законот и нападот врз медиумските работници да се смета како напад врз службено лице, оценија од секцијата на сниматели при Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Снимателите на денешната конференција пред Собранието упатија апел што поскоро да се донесат законски измени, бидејќи како што истакнаа медиумските работници се мета на многу опасности. -Ние како сниматели постојано сме на мета на напади било од граѓани или други. Апелирам до институциите конечно да го решат статусот на медиумските работници, секој напад врз нас да биде третиран  врз служебно лице, реагираат од секцијата на сниматели при ЗНМ. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковдки информира дека во текот на ноќта имало уште еден напад врз медиумски работник во неговиот двор. -Со оглед на тоа дека станува збор за заканувачка порака, иако сепак нема објективно штета, бидејќи боја може да се исчисити, но трагите од насилството што се случи и од она што може да се случи можат да продолжат и понатаму, бараме целосно разрешување на овие случи, изјави Чадиковски. Испрати апел и до МВР за побрзо и поефективно решавање на случаите на говор на омраза на социјалните мрежи, бидејќи, како што укажа, овие говори на омраза водат кон можни кривични дела, како вчерашниот случај. -Луѓето можат многу лесно да дознаат каде новинарите живеат, шетаат она што исто така е многу опасно е дека денес јајце, утре може да биде камен, задутре може да биде било што друго. Нашата работа и совест не дозволува да имаме прекин во работата и ќе продолжиме колку и да има опасности и ризици и токму ова е еден од многуте примери што ги имаме е дека Кривичниот законик треба да се донесе што поскоро бидејќи ние сме мета на напади буквално на кој бил човек, ние мора да бидеме заштитени затоа што продолжува ова и се повторува, рече новинарот Александар Тодески, кој е дел од нападнатата новинарска екипа на ТВ 24. Снимателот од МИА, Аслан Вишко беше согласен дека законските измени треба што поскоро да се направат со цел медиумските работници да бидат што позаштитени. Љубиша Игнатов, снимател за ТВ 24 вчера во попладневните часови бил нападнат во скопската населба Пржино, каде заедно со неговата новинарска екипа се обидел да сними прилог. свс/лв/

Остани поврзан