• вторник, 24 декември 2024

Седница на Советот за безбедност на ОН по рускиот напад на Киев

Седница на Советот за безбедност на ОН по рускиот напад на Киев

Њујорк, 9 јули 2024 (МИА) - Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе заседава, на барање на Велика Британија, Франција, Еквадор, Словенија и САД, поради нападот на руската армија врз Киев во кој загинаа 36 лица, а беше оштетена главната детска болница, објавија британските медиуми. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно најави дека Украина ќе побара состанок на Советот за безбедност на ОН, додавајќи дека Киев очекува конкретни чекори од западните партнери за зајакнување на нејзината воздушна одбрана и заштита на енергетскиот сектор за време на самитот на НАТО оваа недела. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан