Седница на Главниот штаб за управување со кризи ќе се одржи денеска во ЦУК
- Седница на Главниот штаб за управување со кризи ќе се одржи денеска во ЦУК со почеток од 14 часот. На седницата ќе бидат разгледани кризната состојба во КПУ Идризово и т.н. „Мигрантска" кризна состојба на јужната и северната граница. Од ЦУК известуваат дека покана за присуство добија и претставник на Народниот правобранител како и претставник на Македонско здружение на млади правници.
Скопје, 6 септември 2023 (МИА) - Седница на Главниот штаб за управување со кризи ќе се одржи денеска во ЦУК со почеток од 14 часот. На седницата ќе бидат разгледани кризната состојба во КПУ Идризово и т.н. „Мигрантска" кризна состојба на јужната и северната граница.
Од ЦУК известуваат дека покана за присуство добиле и претставник на Народниот правобранител, како и претставник на Македонско здружение на млади правници.
Главниот штаб за управување со кризи е оперативно стручно тело, кое раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации. Го сочинуваат претставници на министерствата за внатрешни работи, одбрана, здравство, транспорт и врски и надворешни работи. Членови на штабот се и раководителот на итната медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање, АНБ, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Црвениот крст на Република Северна Македонија. Со Главниот штаб раководи директорот на Центарот за управување со кризи. сан/ац/
Фото: МИА архива