• недела, 28 јули 2024

Североисточниот дел на Австралија погоден од циклонот Ниран

Североисточниот дел на Австралија погоден од циклонот Ниран
Канбера, 2 март 2021 (МИА) - Повеќе од 40.000 домаќинства се без електрична енергијa откако тропскиот циклон Ниран го погоди североисточниот дел на Австралија. Силниот ветер и обилните дождови урнаа голем број дрвја, оштетија далноводи. Во предградието на Таунсвил делумно се оштетени повеќе згради. Обилниот дожд предизвика и поплави. Поради невремето затворени се 38 училишта, а жителите на неколку градови на источниот брег на Австралија се предупреддени да се подготват за евакуација. Според метеоролозите циклонот Ниран во следните два дена нема да загуби од јачината и ќе се движи кон север. ми/

Остани поврзан