Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди брегот на Салвадор
- Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на Салвадор, соопшти Американскиот геолошки институт.
Сан Салвадор, 27 декември 2024 (МИА) – Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на Салвадор, соопшти Американскиот геолошки институт.
Земјотресот се случил на длабочина од 77 километри, со епицентар на 80 километри југозападно од Санта Ана, соопшти американскиот институт.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. јт/