• среда, 13 ноември 2024

Северна Македонија со 15 претставници на Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино 

Северна Македонија со 15 претставници на Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино 
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Петнаесет претставници од земјава ќе бидат дел од балканската делегација на Слоу Фуд што ќе учествува на годинашниот 14. Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино. Слоу Фуд Северна Македонија, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се претстави со своја кујна и ќе одржува дегустации и презентации. На Тера Мадре што ќе се одржува од 22 до 26 септември, ќе има над 3 000 делегати од 130 земји и повеќе од 700 изложувачи. Програмата предвидува голем број работилници и конференции кои ќе може да се проследат и онлајн. -Тера Мадре, најголемиот собир на Слоу Фуд мрежата, цели кон тоа да дизајнира поинаква иднина за храната, иднина која зазема облик преку секојдневните избори на поединците, во колективните напори на заедниците и во политиките на јавните и на приватните институции, наведуваат организаторите. Балканската делегација ќе брои околу 130 члена: од Црна Гора 30, од Албанија 21 и од Бугарија 18. Ќе има и 12 делегати од Турција, осум од БиХ, седум од Романија, по шест од Хрватска и Грција, два од Косово и три од Србија. Тера Мадре ќе биде домаќин на неколку штандови со произведувачи од регионот. мч/дма/  

Остани поврзан