• среда, 13 ноември 2024

Северна Македонија со 15 претставници на Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино 

Северна Македонија со 15 претставници на Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино 
Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - Петнаесет претставници од земјава се дел од балканската делегација на Слоу Фуд која учествува на годинашниот 14. Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино. На Тера Мадре што се одржува од денеска до 26 септември, ќе има над 3 000 делегати од 130 земји и повеќе од 700 изложувачи. Програмата предвидува голем број работилници и конференции што ќе може да се проследат и онлајн. Слоу Фуд Северна Македонија, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се претстави со своја кујна и ќе одржува дегустации и презентации. Балканската делегација ќе брои околу 130 члена: од Црна Гора 30, од Албанија 21 и од Бугарија 18. Ќе има и 12 делегати од Турција, осум од БиХ, седум од Романија, по шест од Хрватска и Грција, два од Косово и три од Србија. Тера Мадре ќе биде домаќин на неколку штандови со произведувачи од регионот. мч/дма/

Остани поврзан