• недела, 06 октомври 2024

СВР-Битола го одбележа Денот на македонската полиција

СВР-Битола го одбележа Денот на македонската полиција

Битола, 7 мај 2023 (МИА) - СВР-Битола Денот на македонската полиција го одбележа во Битола и селото Смилево.

Според востановената традиција, припадниците на полицијата положија цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во дворот на СВР Битола и споменикот Ангел во паркот кај градскиот часовник во Битола.

Полициски службеници од СВР Битола положија цвеќе и во село Смилево, Демир Хисар, на местото каде се поставени темелите на македонската полиција.

-Делегациите ја посетија спомен Куќата на Смилевскиот конгрес, каде на 7 мај пред 120 години е одржан историски конгрес на делегатите на Македонската револуционерна организација, обезбедувани од селска стража, чии никулци се содржани во денешната македонска полиција, информираа од СВР-Битола. мт/мс/

Фото: СВР-Битола 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан