• недела, 24 ноември 2024

Само осум дозволи годинава за собирање на лековити растенија и шумски плодови на територија на кавадаречка и росоманска општина

Само осум дозволи годинава за собирање на лековити растенија и шумски плодови на територија на кавадаречка и росоманска општина
Кавадарци, 9 ноември 2022 (МИА) - Само осум дозволи се побарани и издадени годинава за собирање на лековити растенија и шумски плодови на територија на кавадаречка и росоманска општина. Ова го потврдија за МИА од подружницата на ,,Национални шуми", ,,Бор" во Кавадарци. Оттаму нагласија дека е намален бројот на побарани и издадени дозволи, најверојатно поради делумната забрана за движење во шума во текот на летото, а поради високите температури и опасноста од предизвикување на пожари.
 - Од година во година се намалува бројот и поради откупот, цените, плаќањето, годината и што ли уште не. Во изминатите години, се жалеа продавачи на пазарот, заради состојбата со коронавирусот, соопштија од подружницата.
Една дозвола чини 400 денари за тековна година.
- Дозволи кај нас вадат тие што собираат растенија и шумски плодови за продажба, а договори со централата склучуваат тие што се јавуваат како откупувачи. Тие што тоа го прават за сопствени потреби, имаат право, на пример,  да си соберат до еден килограм шумски плодови, без да имаат дозвола од подружницата, појаснија од ,,Бор".
Во 2019 година биле издадени седум дозволи,  а 32 дозволи  се регистрирани во 2015 година.свд/

Остани поврзан