• вторник, 12 ноември 2024

Салах до Клоп: Ти посакувам среќа и се надевам дека ќе се сретнеме повторно

Салах до Клоп: Ти посакувам среќа и се надевам дека ќе се сретнеме повторно

Ливерпул, 21 мај 2024 (МИА) - Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах се обрати до тренерот, Јирген Клоп, кој во неделата за последен пат го предводеше тимот од „Енфилд“.

-Беше одлично да ги споделам сите овие трофеи и искуството од последните седум години со тебе. Ти посакувам среќа во иднина и се надевам дека повторно ќе се сретнеме, напиша Салах на социјалната мрежа.

Клоп во голем стил се прости од Ливерпул. Победи и почна да го скандира името на новиот тренер.

Германецот го презеде Ливерпул во октомври 2015 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Англија, а воедно и победник на Лигата на шампионите. Покрај тоа, Ливерпул двапати го освои англискиот Лига куп и стана победник на националниот куп. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан