• четврток, 26 декември 2024

Реконструкција на водоводна мрежа на „Борис Кидрич“ во центарот на Куманово

Реконструкција на водоводна мрежа на „Борис Кидрич“ во центарот на Куманово

Куманово, 23 ноември 2023 (МИА) - Почна реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово, информираа денеска од Oдделението за комунални дејности.

- Мрежата е дотраена, изградена во педесетите години од минатиот век. Често граѓаните пријавуваа дефекти, а тука е лоциран и Здравствен дом-Уред. Една е  од постарите мрежи поставена во градот. Очекуваме реконструкцијата да заврши за помалку еден месец, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Од општинскиот буџет за оваа намена одвоени се над 3, 5 милиони денари, а избрана е компанијата од Скопје „Коп Инженеринг“ која ги извршува градежните активности на терен.

Претходно заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Јане Сандански“ за што Куманово одвои над 1.865. 000 денари. Летово се реконструираше мрежата на „Славиша Вајнер“ кај Соколана, за која беа одделени нешто над милион денари. На почетокот од годинава се реконструираше и мрежата на улицата „11 Ноември“ за која општината одвои 2, 5 милиони денари.

Жителите на улиците од поширокото централно градско подрачје често се жалат на дефекти на застарената  водоводна мрежа изградена во педесетите, шеесеттите години од минатиот век. ам/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан