• среда, 13 ноември 2024

Реакција од Коалицијата ВРЕДИ на прес конференцијата на Блерим Беџети од ДУИ

Реакција од Коалицијата ВРЕДИ на прес конференцијата на Блерим Беџети од ДУИ

Скопје, 4 ноември 2024

 

Мислевме дека Блерим е задолжен само за Данела и матните зделки во Град Скопје, не знаевме дека Артан и Прпарим го внеле и во казино бизнисите.

Денешниот патетичен прес го покажува следното: Прво, Артан и Прпарим се исплашени дека ќе одговараат за малверзациите во Лотарија и затоа го пуштија Блерим да обвинува за наводен криминал кој е направен кога Ахмети беше во коалиција со Груевски и Мијалков. Едноставно, самите си
пукаат во нога. Второ, кога Блерим обвинува за дилови со српско-бугарски фирми всушност зборува за диловите на Артан и Прпарим со српското и бугарското коцкарско подземје кои со автентичното толкување им го прекина приливот на црн кеш кој го примале редовно. Затоа, се нервозни.

Конечно, Коалицијата ВРЕДИ излезе со конкретен План за справување со штетните последици од коцкањето, кој веќе се спроведува. Благодарение на тој план коцката ја тргнавме од домовите на граѓаните со затворање на четири компании на кои Артан и Прпарим неосновано им издале лиценци за
интернет коцкарници. Следи целосно расчистување на малверзациите во Лотарија, правосудна одговорност за сите кое се огрешиле пред законите и нов Закон за игри на среќа кој ќе го намали бројот на коцкарници, минимум за половина.

Коалиција ВРЕДИ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан