• сабота, 23 ноември 2024

Реакција на АВМУ во врска со вчерашниот инцидент во ЈП „Комунална хигиена“

Реакција на АВМУ во врска со вчерашниот инцидент во ЈП „Комунална хигиена“
Скопје, 9 август 2022 Во врска со вчерашниот инцидент помеѓу лица вработени во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје и новинарска екипа на ТВ Клан, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека сите треба да се однесуваат пристојно и достоинствено особено при вршење на своите работни задачи. Јавните институции треба да бидат отворени и транспарентни и да вложат максимални напори на претставниците на медиумите да им овозможат непречен пристап до информации при известување за теми кои се во интерес на јавноста. Доколку новинарите на кој било начин се спречени да дојдат до бараната информација за тоа треба да ја информираат јавноста. Воедно, при вршењето на својата работа, медиумските работници треба да покажат професионална одговорност, да ги почитуваат етичките и новинарски принципи и стандарди при известувањето и да го чуваат угледот на својата професија. Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан