Распишан јавен повик во Крива Паланка за ангажирање невработени лица за вршење јавни работи
- Општина Крива Паланка распиша јавен оглас за ангажирање приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на општината за извршување јавни работи.
Крива Паланка, 15 јануари 2026 (МИА) – Општина Крива Паланка распиша јавен оглас за ангажирање приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на општината за извршување јавни работи.
-Јавниот повик за ангажирање лица за извршување јавни работи кои се приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на општината е распишан врз основа на Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2026 година, донесена од страна на Советот на Општина Крива Паланка. Општина Крива Паланка има потреба од ангажирање едно лице за извршување на јавни работи во времетраење од пет месеци, за спроведување јавни работи од типот на: чистење на улици, локални патишта, патеки, скали, чистење на водотранспортни објекти, чистење на снег од јавни површини, отстранување на наноси и одрони, фарбање на комунална опрема, чистење на јавни објекти, поставување на опрема, собирање на отпад, чистење на депонии, подигање и одржување на зелени површини и други слични работи по потреба, информира службата за комуникација за јавноста.
Општина Крива Паланка преку овие активности им помага на луѓето кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот, а активностите се од интерес на целата локална заедница.
-Право на учество на јавниот повик имаат лицата кои се корисници на гарантирана минимална помош, невработени лица кои се жители на територијата на Општина Крива Паланка. Временскиот период за ангажман ќе биде пет месеци, а месечниот нето надоместок ќе изнесува 15.000 денари. Сите потребни документи се достапни на веб страницата на општината, www.krivapalanka.gov.mk, информираат од општината.
Заинтересираните кандидати треба да достават пријава со потребните документи во архивата на Општина Крива Паланка, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.
Повикот е отворен заклуно со 17 јануари 2026 година.ид/вј/
Фото: МИА архива