• вторник, 24 декември 2024

Рама: Косово е неповратна меѓународна реалност, не треба да биде ничиј заложник 

Рама: Косово е неповратна меѓународна реалност, не треба да биде ничиј заложник 

Тирана, 28 септември 2024 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама, во својот говор на 79-то заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, рече дека Косово е неповратна меѓународна реалност и оти не треба да биде ничиј заложник.

Тој ги повика  петте земји-членки на ЕУ, кои се уште не го признале Косово, да го признаат и „да не го држат во заложништво неговото членство во меѓународните институции“.

Рама порача дека земјите од Западен Балкан мора да работат заедно меѓусебно и со нивните сојузници и партнери за да се осигураат дека враќањето во минатото е незамисливо. 

- Косово денес е неповратна реалност меѓу шесте земји од Западен Балкан со јасна европска перспектива.
Секоја вештачки поставена паралела меѓу Косово и Украина има за цел да збуни некого во оваа зграда или мислење, но тие никогаш не можат да успеат да ја избледат вистината дека Косово е нераскинлив дел од меѓународната реалност и аспирант за членка на евроатлантската заедница. Никој не треба да биде заложник, почнувајќи од групата од петте земји-членки на ЕУ кои сè уште не го признаваат Косово“, рече Рама.

Според него, во регионот, по повеќе од четвртина век, треба да се залечат раните од распадот на поранешна Југославија, нагласувајќи ја „црвстата убеденост на Албанија да го гледа минатото со очите на иднината и иднината со очите на минатото". 

Рама додаде дека „руската агресија врз Украина треба да послужи како траен аларм за сите нас", повторувајќи го повикот до Русија да ја прекине војната во Украина. вт/паг/



Остани поврзан