• петок, 27 декември 2024

Разговор со поетот Андреј Ал-Асади во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Разговор со поетот Андреј Ал-Асади во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) – Во спомен-собата „Т’га за југ“ вечер од 19 часот ќе се одржи разговор со поетот Андреј Ал-Асади, чија стихозбирка „Секој секому огледало“ е книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Андреј Ал-Асади (1996, Лондон) дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” од 2013 во издание на Антолог, како и „Под дервишовото сиќе“ (2018) „Небесна геометрија“ (2019) и „Секој секому огледало“ (2021), сите три во издание на ПНВ Публикации, со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата.

Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 година ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот). 

Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, негови песни се преведени на повеќе јазици и застапен е во неколку антологии. Член е на платформата „Версополис“ и на организацискиот одбор на Скопскиот поетски фестивал.

Модератор на разговорот е Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Настанот е дел од програма на Град Скопје – Европска престолнина на културата за 2028 година. ар/aa/
Фото: Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. 

Остани поврзан