Работилница за промоција на хумани вредности во Кавадарци
- Работилница за промоција на хумани вредности се реализираше во Кавадарци, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст.
Кавадарци, 17 февруари 2023 (МИА) - Работилница за промоција на хумани вредности се реализираше во Кавадарци, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст.
- Оваа година од месец февруари, во Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци, започна имплементацијата на програмата Црвен Крст во акција- промоција на хуманите вредности (ЦКА-ПХВ), циклус 2023 година. ЦКА-ПХВ е самостоен проект што функционира во рамките на редовните активности на Црвен крст на РСМ, е поддржан од страна на Меѓународниот комитет на Црвен крст, Бирото за развој на образованието и Црвен крст на Република Северна Македонија, соопштија од оваа хуманитарна организација.
Притоа појаснија дека овој проект се имплементира од 1997 година.
- Станува збор за проект, преку кој младите волонтери, стекнуваат соодветна едукација за препознавање на потребите на заедницата, изработка на проекти и самостојно организирана пракса на терен, преку директна помош на ранливото население. Вчера се одржа првата дисеминациска обука за младинците од основните и средните училишта, а ќе се реализираат уште две обуки до трети март, по кои младинците активно ќе се впуштат во изработка на мали проекти и помагање на населението во општината, информираа од Црвениот крст. свд/сст/