Путин вели дека сериозно ги сфаќа коментарите на Трамп за завршување на конфликтот во Украина
- Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека сериозно ги сфатил коментарите на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека може да донесе брз крај на борбите во Украина.
Москва, 4 јули 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека сериозно ги сфатил коментарите на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека може да донесе брз крај на борбите во Украина.
-Фактот што Трамп како претседателски кандидат вели дека е подготвен и сака да ја запре војната во Украина, ние го сфаќаме тоа доста сериозно, рече Путин на прес-конференција во Астана.
Тој додаде дека „не е запознаен“ со конкретните предлози на Трамп. мс/
фото: МИА архива