• четврток, 26 декември 2024

Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ 

Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ 

Брисел, 27 јули 2024 (МИА) – Вкупно 58 отсто од жителите на земјите членки на ЕУ се оптимисти за иднината на Унијата, а 55 проценти од нив изјавиле дека се сигурни во силата на европската демократија, покажуваат најновите резултати од истражувањето Евробарометар. 

Од друга страна, 37 отсто од анкетираните Европејци изразуваат песимизам околу иднината на ЕУ, а додека 41 проценти не се уверени во јачината на демократијата во блокот. 

Како главни предности на ЕУ, 38 отсто од испитаниците ги идентификувале почитувањето на демократијата, човековите права и владеењето на правото, 34 проценти нејзината економска, индустриска и трговска моќ, а 28 отсто добрите односи и солидарност меѓу земјите членки на Унијата. 

Како приоритетни области на кои треба да се посвети ЕУ, по 33 проценти од анкетираните ги посочиле заштитата на животната средина и борбата со климатските промени и справувањето со илегалната миграција, за 29 отсто тоа се безбедноста и одбраната, за 25 проценти војната во Украина. Дури 64 отсто од граѓаните на ЕУ загрижени за безбедноста на ЕУ во следните пет години. 

Лидерите на ЕУ дискутираат за економски прашања на вториот ден од самитот во Брисел.

Половина од анкетираните или 50 отсто, токму војната во Украина ја сметаат за најголем предизвик со кој се соочува ЕУ, по што следуваат илегалната миграција, која за главен предизвик ја сметаат 41 отсто Европејци и животната средина и климатските промени, кои се врвен предизвик за 35 проценти од испитаниците. 

Доверба во перформансите на европската економија во следните пет години искажале 51 отсто од Европејците, додека 45 проценти се скептични во однос на економските перспективи до 2029 година. 

На прашањето „кои вредности најдобро ги отсликуваат ЕУ во споредба со другите земји во светот“, по 53 отсто од Европејците ги посочиле почитувањето на основните права и вредности, како и слободата на говор и изразување. 

Анкетата е спроведена помеѓу 25 јуни и 2 јули годинава и со неа биле опфатени 25.658 граѓани од сите 27 земји членки на ЕУ. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан