• сабота, 23 ноември 2024

ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа  

ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа  

Брисел, 27 јули 2024 (МИА) - Потребите за струја во ЕУ би можеле да се задоволат со енергија добиена од ветерници и соларни колектори, без притоа да се предизвикаат штети во производство на храна или животната средина, но тоа зависи од човечкиот фактор, односно од одлуките и изборите на индивидуално и политичко ниво, се посочува во најновиот извештај на невладината организација Европско биро за животна средина (ЕЕБ). 

Според ЕЕБ, како Зелениот договор на ЕУ се спроведува во пракса, така се разжештува дебатата за тоа дали земјиштето треба да се користи за производство на храна, за добивање енергија од обновливи извори или за заштита на природата. 

- Во Европа има доволно земјиште за остварување сите овие цели, доколку го направиме вистинскиот избор, се наведува во извештајот на ЕЕБ насловен „Земјиште за обновливи извори“. 

Во документот се посочува дека со поставување на ветерници и соларни панели на само 2,2 отсто од земјиштето во ЕУ може се обезбеди до 2040 година целиот електроенергетски систем на блокот да функционира со енергија од обновливи извори и да се обезбеди нулто ниво на емисија на штетни гасови во енергетскиот сектор. 

Емисијата на јаглерод диоксид во текот на оваа година ќе се намали за околу 2,6 милијарди тони, што претставува шест пати поголем пад отколку по светската економска криза во 2008-09 година и

- Нема причина да се верува дека обновливите извори на енергија би биле пречка за производство на храна и за обнова на природата, смета раководителот на тимот што го изработи извештајот Козимо Тансини. 

Во анализата се наведува дека дури и ако се исклучат обработливото земјоделско земјиште и областите со висока биолошка разновидност, во ЕУ и натаму има многу слободен простор за поставување системи за производство на енергија од ветерот и Сонцето. 

Сепак, таквиот заклучок важи за ЕУ во целина, додека некои земји, како на пример Италија и Германија, немаат доволно простор за поставување на ветерници и соларни панели кои би произведувале доволно количество на енергија за задоволување на нивните потреби, па би биле принудени увезуваат струја од други држави од блокот. 

Завршната обука за користење на мрежната платформа за следење и потврдување (MVP-МВП) на заштедите на енергија и намалување на емисиите на стакленички гасови преку планирање и спроведување на

Во извештајот се посочува и можноста за „двојна употреба“ на земјиштето со обезбедување на „поблиска интеграција“ на земјоделството и производството на еолска и сончевата енергија. Според авторите на анализата, околу 10 отсто од земјоделското земјиште има услови за „двојна употреба“. Станува збор за недоволно продуктивни земјишта и на нив би можеле да се постават повеќе ветерни и соларни инсталации. 

Во извештајот, сепак, се наведува дека за остварување на целта за целосно задоволување на потребите за енергија со производството од ветерниците и соларните панели, ќе бидат потребни промени во однесувањето на луѓето и намалување на потрошувачката на струја. 

- Промените во животниот стил би можеле да ја намалат потребата за обновлива енергија и да ослободат повеќе земјишен простор. На пример, денес 2,5 отсто од вкупното земјиште во ЕУ се користи за производство на храна за животните. Намалувањето на потрошувачката на месо би резултира со намалување на потребите за животинска храна, се наведува во извештајот. 

Просечната цена на еден хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2022 година изнесувала 10.578 евра, што ја прави 45 пати повисока од просечната годишна рента за изнајмување на плодни површини, к

Авторите на анализата се осврнуваат и на можноста на противење на локалните заедници на поставување на ветерници и соларни инсталации на нивното земјиште, па затоа е потребно да се работи на подигање на свеста на припадниците на овие заедници за важноста на обновливите извори на енергија со што ќе се овозможи изградба на доволно капацитети за производство на струја од ветер и сончева светлина.  

- За повисоко ниво на енергетска транзиција исто така е важен и политичкиот пристап. Потребен е сеопфатен и интегриран пристап, бидејќи во спротивно капацитетите за обновливи извори на енергија можеби нема да бидат доволни за постигнување на климатска неутралност според предвиденото, вели Тансини. 

Во изјава за „Еурактив“, Тансини посочи и дека за капацитети за производство на енергија од водород, за што се залагаат некои политички структури, се потребни поголеми површини од оние за инсталациите за обновливи извори, што би резултирало со „помалку ефикасна употреба на земјиштето“ за добивање на струја. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан