• сабота, 23 ноември 2024

ПСЖ е подготвен да го купи Сон за 80 милиони евра

ПСЖ е подготвен да го купи Сон за 80 милиони евра
Париз, 14 ноември 2022 (МИА) - Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин може да ја продолжи кариерата во Пари Сен-Жермен. Парижаните се подготвени да платат 80 милиони евра за трансфер на 30-годишниот фудбалер. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи е заинтересиран за ангажман на Сон. Тој планира да се сретне со играчот за време на Светското првенство во Катар. Според „Ел Национал“, Сон нема да го продолжи договорот со Тотенхем, кој истекува во 2025 година. Претходно британските медиуми објавија дека за играчот е заинтересиран и Реал Мадрид. Во тековната сезона Кореецот одигра 19 натпревари на кои постигна пет гола и две асистенции. Порталот Трансфермаркт го цени играчот на 70 милиони евра. зс/

Тагови

Остани поврзан