• среда, 25 декември 2024

Синер направи голем чекор кон полуфиналето на финалниот АТП турнир

Синер направи голем чекор кон полуфиналето на финалниот АТП турнир

Торино, 13 ноември 2024 (МИА) - Светскиот рекет број еден Јаник Синер (Италија) направи голем чекор кон полуфиналето по вториот успех во групата Илие Настасе на финалниот АТП турнир кој се игра за награден фонд од 15,25 милиони долари.

Синер го победи Тејлор Фриц (САД) со 6:4, 6:4 за 100 минути на радост на 12.000 гледачи на трибините.

Домашниот тенисер ниту еднаш не го загуби својот сервис на средбата, а со брејкови во десеттиот гем од двата сета стигна до конечниот успех.

Тоа беше прилично тежок натпревар, се познаваме многу добро, игравме финале на Гренд слем. Знаев што да очекувам. Беше многу агресивен, но јас бев подготвен за тоа. Се обидов добро да сервирам во важните моменти и тоа успеа, изјави Синер по мечот.

Италијанецот ја постигна 67-та сезонска победа со која се изедначи со Александар Зверев (Германија) за првото место по овој показател.

Во својот последен меч од групата Синер ќе се сретне со Данил Медведев (Русија), кој исто како и Фриц има една победа и еден пораз. Американецот, пак, завршува против Алекс де Минор (Австралија), кој досега има два порази. дс

Фото: Архива

Остани поврзан