• недела, 28 јули 2024

Промена на саатницата на мечот Вардар 1961 - ПСЖ

Промена на саатницата на мечот Вардар 1961 - ПСЖ
Париз, 21 октомври 2020 (МИА) - Натпреварот од 6. коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Вардар 1961 ќе се игра во нов термин. Датумот останува ист, но сменета е саатницата, соопштија од клубот. Наместо во 20,45 часот како што претходно беше договорено, средбата ќе се игра во 18,45 часот. Средбата со ПСЖ е закажана за в среда, 28 октомври 2020 година во Париз.

Тагови

Остани поврзан