• среда, 25 декември 2024

Продолжува конститутивната седница на Собранието на Србија

Продолжува конститутивната седница на Собранието на Србија

Белград, 18 март 2024 (МИА) - Пратениците во српскиот Парламент денеска ќе ја продолжат конститутивната седница.

На продолжението на конститутивната седница треба да се изберат претседател на Собранието, негови потпретседатели и членови на работните тела.

Претходно во собраниска процедура влезе предлогот за избор на поранешната премиерка Ана Брнабиќ за претседател на Собранието.

Во предлогот потпишан од пратениците на владејачкото мнозинство пишува дека Брнабиќ завршила факултет во Велика Британија, дека пред да стане премиер и да ја извршува таа функција во последните три мандати била министерка за државна управа и локална самоуправа, дека учествувала во основањето на Наледа и Фондацијата Пексим.

Треба да се изберат и шест потпретседатели на Собранието, како што е договорено на консултациите.

Се очекува да биде именуван генерален секретар на Собранието, да се изберат членови на работни тела и членови на постојани парламентарни делегации во меѓународните институции.

Новиот претседател на Собранието на Србија треба да распише избори за градската власт на Белград, кои, според најавата на претседателот Александар Вучиќ, би се одржале на 2 јуни. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан