• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Палестинци повредени во судирите во Газа пристигнаа на лекување во Јапонија

Палестинци повредени во судирите во Газа пристигнаа на лекување во Јапонија

Токио, 26 март 2025 (МИА) - Палестинци повредени во судирите во Појасот Газа денеска пристигнуваат во Јапонија на лекување, објави јапонскиот министер за одбрана, Ген Накатани.

Ова е прво пристигнување на ранети Палестинци во Јапонија од почетокот на големите израелски напади врз енклавата во октомври 2023 година, пишуваат јапонските медииуми.

Јапонија ќе обезбеди медицинска нега на две жени хоспитализирани во Египет, а првата од нив утрово пристигна во Централната болница на воените сили во Токио.

Во наредните денови ќе пристигне и втората жена, изјави Накатани за новинарите.

-Приемот на пациентите е договорен на барање на Светската здравствена организација (СЗО) и со соработка на египетската влада, а не станува збор за нивно преселување во Јапонија, рече Накатани. „Јапонија ќе игра проактивна улога, не само во итните операции за хуманитарна помош како оваа, туку и во поддршката на среднорочната и долгорочната реконструкција на Газа“, додаде Накатани.

Двете жени беа избрани затоа што „се очекува нивната состојба да се подобри преку лекување во Јапонија“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Тошихиро Китамура на редовната прес-конференција.

Официјален претставник на Министерството за одбрана рече дека Јапонија во моментов не планира да прима пациенти од Газа во голем број. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан