• четврток, 09 април 2026

Пробиштип обезбеди бесплатни ортопедски прегледи за најмладите

Пробиштип обезбеди бесплатни ортопедски прегледи за најмладите

Пробиштип, 8 април 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и директорот на Јавната здравствена установа (ЈЗУ) Здравствен дом „Нада Михајлова“, Марјан Миленковски денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој се обезбедуваат бесплатни ортопедски прегледи за најмладите жители на Општината. Тоневски вели дека со денешниот меморандум обезбедена е значајна поддршка за бебињата, децата и учениците.

-Со овој Меморандум се овозможува ангажирање на специјалист ортопед кој ќе врши бесплатни прегледи на бебиња, мали деца и ученици во основните училишта. Оваа иницијатива има за цел навремено откривање и превенција на евентуални ортопедски состојби кај децата, како и обезбедување квалитетна здравствена грижа достапна за сите - вели Тоневски. 

Првиот термин за бесплатни прегледи е 18 април 2026 година, а од Општината информираат дека родителите за закажување на термини треба да  се јават на 078/291-585, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот. вдј/ац/

Фото: МИА 

Остани поврзан