Берово добива современ културен центар
- Со овој капитален проект, општината обезбедува врвен простор, за културни настани, конференции и филмски проекции.
Берово, 9 април 2026 (МИА) - Градоначалникот на Берово, Петар Ружински го потпиша договорот со фирмата иизведувач, Фабрика Карпош – Скопје, за изградба на мултифункционална сала, во рамки на Домот на култура „Димитар Беровски“. Новата сала како што информираше беровскиот градоначалник ќе се гради на местото на поранешното кино, во центарот на Берово.
-Проектот е во вредност од 115.274.195,00 денари и е финансиран од Владата, преку програмата за инфраструктурни проекти во областа на културата. Новата сала ќе се гради на местото на поранешното кино, во центарот на Берово и ќе биде опремена со најсовремена аудио-визуелна и сценска опрема, истакна Ружински.
Со овој капитален проект, општината обезбедува врвен простор, за културни настани, конференции и филмски проекции.
-Ова ќе даде силен импулс на локалната економија и развојот на туризмот, подвлече градоначалникот на Берово.
Општината како што најави ќе продолжи со реализација на капитални инвестиции, со кои како што дополни се менува ликот на Општина Берово, на подобро. вс/вј/
Фото: Општина Берово