• петок, 10 април 2026

Изложба на Новица Трајковски во Куманово

Изложба на Новица Трајковски во Куманово

Куманово, 9 април 2026 (МИА) - „Кон светлината“ е насловена изложбата на Новица Трајковски која ќе биде отворена вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. Изложбата опфаќа 21 слика од најновата продукција на Трајковски, работени во техниките масло и акрил на платно. Трајковски досега реализирал над 80 самостојни изложби, учествувал на изложби и ликовни колонии.

Осврт на неговото творештво дава уметникот Никола Пијенманов, кој истакнува дека делото на Трајковски не може да се согледува изолирано, туку како целина.

„Секогаш кога пишувам за сликарството на Новица Трајковски, размислувам за целокупен човек, целосно творештво, не за поединечни слики и циклуси. Се разбира, секој сликар преминува преку посебни естетско-стилски фази, но сликарството на Новица е повеќе патопис на човек кој трага по духовните сфери отколку на сликар кој создава заради самото сликарство“, наведува Пијенманов.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 23 април, годинава. ам/вј/

Фото: НУЦК

Остани поврзан