• среда, 13 ноември 2024

Приведен скопјанец, по распишана централна потерница

Приведен скопјанец, по распишана централна потерница

Скопје, 17 мај 2021 (МИА) - Полициски службеници од Сeктор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потраги попладнево во 14:15 часот на подрачјето на Катланово го лишиле од слобода Б.А.(41) од скопски Петровец, баран по распишана централна потерница, а по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор, соопшти МВР.

Од Министерството информираат дека лицето е предадено во Полициско одделение Петровец за понатамошна постапка и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа.фф/лв/

Остани поврзан