• вторник, 19 ноември 2024

Приведени пет лица во Скопје, користеле малолетни деца за питачење

Приведени пет лица во Скопје, користеле малолетни деца за питачење
Скопје, 26 март 2022 (МИА) - Лишени од слобода се лицата Џ.Ш.(20), С.Р.(20), Е.М.(32) и Ф.С.(20), сите од Скопје, и М.А.(46) од Охрид. Џ.Ш., С.Р., Е.М. и М.А., кои биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на крстосници и булевари на подрачјето на Скопје. Како што информира МВР, со лицата бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик. Ф.С. била затекната при питачење на крстосница од булеварите „Словенија“ и „Јадранска магистрала“, поради што била приведена и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок. Од МВР посочуваат дека лицата се откриени при преземање мерки и активности за спречување на „питачење“. Акцијата ја спровеле Одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје заедно со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа - Скопје изминатата недела. мд/мч/   

Остани поврзан