Приведени крадци во Штип, одземеното вратено на сопственикот
- Штипската полиција вчера ги лишила од слобода А.А.(45) и Ш.Н.(23), двајцата од Штип. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип од каде се обиделе да одземат повеќе предмети.
Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Штипската полиција вчера ги лишила од слобода А.А.(45) и Ш.Н.(23), двајцата од Штип. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип од каде се обиделе да одземат повеќе предмети.
Како што информираат денеска од МВР, лицата биле задржани во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот. По целосно комплетирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/
фото МИА архива