• среда, 04 декември 2024

Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот

Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот

Сеул, 3 декември 2024 (МИА) – Претседателот на Националното собрание на Јужна Кореја соопшти дека јужнокорејските војници ја напуштаат зградата на парламентот, пренесува новинската агенција Јонхап.

Војниците влегоа во зградата веднаш по прогласувањето на воена состојба од страна на претседателот.

Пратениците претходно гласаа против декретот за воена состојба што го најави претседателот Јун Сук Јол.

Сите присутни 190 пратеници од вкупно 300 во Парламентот гласаа за поништување на мерката. јт/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан