• недела, 24 ноември 2024

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот театар – Скопје, со почеток во 20 часот. Претставата е работена по текст на Фернандо Арабал, а режијата е на Андреј Цветановски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимограф е Раде Василев, а изборот на музиката го направи Димитар Андоновски.

Во претставата играат: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Филип Трајковиќ, Дамјан Цветановски, Стефан Вујисиќ, Соња Стамболџиоска.

- Војната е чудовиште кое голта се пред себе, земји, градови, населби, квартови, згради, фамилии, луѓе … И не застанува пред ништо. Од тој момент сите амбиции, желби, соништа стануваат далечни и нормалниот живот како и да не постоел, само потребата да се преживее. Оваа претстава е за такви луѓе, на кои им е смачено да живеат по правилата на преживување, туку сакаат да си играат со животот и да се обидат од војната да направат своја игра која ќе им биде терапија, вели режисерот на претставата Андреј Цветановски

Тој истакнува дека низ нивните приказни да раскажат колку е војната страшна, секогаш завршуваат во своите трауми од војната и настанот којшто ги одредил како луѓето кои се сега, или лушпи од тоа што биле порано.

- Низ борбата да се остане човечен и да се сонува ќе ја раскажеме приказната за тие сенки од луѓе кои сè уште се обидуваат да опстојат. Бидејќи деновиве додека се работат последните проби на оваа претстава, во Македонија се подготвува Самитот на ОБСЕ, би сакал да ги поканам сите државници од „цивилизираниот“ свет да ја погледнат претставата, можеби, само можеби, така ќе имаме помалку лушпи од луѓе заради неа, заради војната, потенцира Цветановски. ир/вг/

Фото: Драмски театар-Скопје

Остани поврзан