• вторник, 24 декември 2024

Прекин на електричната енергија во Венецуела

Прекин на електричната енергија во Венецуела

Каракас, 30 август 2024 (МИА) - Во Каракас, главниот град на Венецуела, и други региони во државата од утрото има прекин на електричната енергија, потврди денеска Министерството за комуникација и информации.

Прекинот зафати најмалку 13 региони, вклучувајќи ги Карабобо и Арагва, според објавите на социјалните мрежи и западни медиуми.

„Повторно сме жртва на електрична саботажа“, рече Фреди Нанез, министер за комуникации и информации, без да даде дополнителни детали. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан