• вторник, 30 јули 2024

Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар кај лице кое не патувало во странство

Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар кај лице кое не патувало во странство
Никозија, 18 август 2022 (МИА) – Министерството за здравство на Кипар го соопшти првиот случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство, а во земјата досега се потврдени вкупно четири случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Новиот случај е кај 46-годишен маж, кој е хоспитализиран и е во добра клиничка состојба. Кипарските медиуми коментираат дека предизвикува загриженост фактот што заразениот не е близок контакт на веќе потврден случај, ниту пак патувал во странство, со што веројатно постои раширеност на болеста во општеството. Првиот случај на мајмунски сипаници на Кипар беше регистриран на почетокот на август. ср/зш/

Остани поврзан