• среда, 27 ноември 2024

ХДЗ утре ќе одлучува за кандидатот за претседател на Хрватска

ХДЗ утре ќе одлучува за кандидатот за претседател на Хрватска

Загреб, 30 јули 2024 (МИА) - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска соопшти дека утре, Претседателството на неговата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) ќе одлучи кого да поддржи како кандидат за претседател на Републиката, пренесе ХРТ.

Редовните претседателски избори во Хрватска треба да се одржат на крајот на оваа година.

Премиерот на новинарите на аеродромот во Загреб, каде присуствуваше на приемот на новиот авион на „Кроација ерлајнс“, рече дека кандидатот „цврсто ќе ја закотви Хрватска во западниот круг“ - ЕУ и НАТО и ќе изгради партнерство со тие сојузници на меѓународно ниво и заедно со Владата ќе води таква политика што „ќе ја задржи Хрватска таму каде што припаѓа“, објави ХРТ.

Се шпекулира дека кандидат на ХДЗ би можел да биде докторот, генетичар и политичар Драган Приморац, кој беше министер за наука, образование и спорт во владите на премиерот Иво Санадер од 2003 до 2009 година. Тој се приклучи на ХДЗ во 2007 година и беше избран во хрватскиот Сабор на листата на дијаспората, но поднесе оставка. Eсента 2009 година се кандидираше за претседател на Републиката, по што автоматски беше исклучен од ХДЗ.

Пленковиќ рече дека претседателскиот кандидат на ХДЗ „ќе направи се за да го врати цивилизираниот културен дијалог“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан