• сабота, 23 ноември 2024

Прва номинација за „Оскар“ за Бијонсе

Прва номинација за „Оскар“ за Бијонсе
Лос Анџелес, 10 февруари 2022 (МИА) - Откако лани го собори рекордот за најмногу добиени „Греми“ награди, поп-пејачката Бијонсе годинава ја освои и својата прва номинација за „Оскар“ за најдобра филмска музика. Се работи за песната „Be Alive“, којашто е дел од филмската музика на „Краот Ричард“ - приказна за детството на тениските сестри Серена и Венус Вилијамс и нивниот инспиративен татко Ричард. Извршниот продуцент и ѕвезда на филмот, Вил Смит, кој исто така, е номиниран за најдобра главна машка улога, зборуваше за песната, инспирирана од приказната на херојот кој ги претвори своите ќерки во шампионки. https://www.youtube.com/watch?v=4wYdZi3tFJ4 - Спојот на филмот и песната е еден вид магија што е неспоредлива во забавната индустрија. Бев пресреќен кога Бијонсе ја прифати соработката, изјави Смит. Иако ова е нејзина прва номинација за Оскар, Бијонсе неколкупати настапуваше на „Оскарите“ со своите хитови. Таа е номинирана за најдобра оригинална песна, покрај Ван Морисон, Лин-Мануел Миранда, Дајан Ворен и Били Ајлиш и, Финис. Годинашното 94. доделување на Оскарите ќе се емитува на „Еј-би-си“, на 27 март.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан