• четврток, 26 декември 2024

Судски совет ги назначи Беким Мехмеди и Мирослав Георгиевски за в.д. претседатели на Апелационен суд Гостивар и на Основен суд Кратово

Судски совет ги назначи  Беким Мехмеди и Мирослав Георгиевски  за в.д. претседатели на Апелационен суд Гостивар и на Основен суд Кратово

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлуки за определување на судиите Беким Мехмеди и Мирослав Георгиевски за в.д. претседатели соодветно на Апелационен суд Гостивар и Основен суд Кратово.

Во кусата дебата од членовите на Судскиот совет беше кажано дека за в.д. претседател на Апелационен суд Гостивар единствен пријавен кандидат е судијата Мехмеди, досегашниот претседател на овој Суд. За овој кандидат формираната Комисија утврдила дека ги исполнува уловите, по што е донесена одлука да продолжи како в.д. претседател се додека не се изврши избор на претседател на АП во Гостивар, за што постапката е во тек и е при крај. 

За в.д. претседател на ОС Кратово биле пријавени двајца кандидати, но со оглед дека судиката Ружица Здравковска веќе имала два мандати во кои ја извршувала функцијата претседател на ОС Кратово (2012 до 2016 и од 2016 - 2020), беше посочена дека нема законски можности да продолжи постапката во врска со нејзината кандидатура. Постапката продолжи по однос на Мирослав Георгиевски судија на ОС Куманово како единствен кандидат, за кој Судскиот совет одлучи и го определен за в.д. претседател на ОС Кратово се до изборот на претседател на овој Суд.  

На седницата беа избрани и тројца судии поротници во Апелационен суд Скопје и девет судии поротници во ОС Штип. Одобрени беа и барањата за патни трошоци во висина на автобуски превоз согласно законски услови, на двајца апелациони судии кои ја извршуваат функцијата во друга општина, во која не живеат. Судијката Сузана Милевска од Пробиштип - Штип, која е веќе избрана за судија во АС во Штип на релација Пробиштип - Штип и за Љупчо Спировски избран за судија во АС Штип за надомест на трошоци за превоз на релација Скопје - Штип.

Во тек е расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија која треба да продолжи по дадената пауза.  

На дневниот ред преостанати се точките по однос на Одлучување по Известувања на Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесени барања  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, Расправа по Извештај за констатирана состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, Донесување на одлука по aдминистративно враќање на списи од Врховен суд на Република Северна Македонија и Формирање на Комисиija на известители по поднесенo барањe за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и донесување на одлуки за измена на комисии. вг/ац/

Фото: Принтскрин


 

 

Остани поврзан