• недела, 01 септември 2024

По руски напад црн чад се издига над центарот во Киев

По руски напад црн чад се издига над центарот во Киев

Киев, 8 јули 2024 (МИА) – Експлозии одекнаа во главниот град на Украина и може да се забележи црн чад како се издига од центарот на Киев, јавија западни медиуми известувајќи за редок дневен воздушен напад врз градот.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека делови од руски проектили соборени од системите за противвоздушна одбрана паднале во две централни области на главниот град и дека реагираат службите за итни случаи. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан