• петок, 27 декември 2024

Почнува 19. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“

Почнува 19. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“
Велес, 17 септември 2022 (МИА) - Во Народниот театар „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес под мотото „Во нови слики“ ќе се одржи 19-тото на Интернационалниот фестивал на античката драма „Стоби“. Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Антигона“, во режија на Диего Де Бреа. Годинашната програма, во две седмици обединува преку дваесет настани, сместени во три рамки: официјална селекција на фестивалот, придружна програма и off – програма на фестивалот, информираат организаторите. Годинашната жири-комисија е во состав: Ѓорѓи Јолевски, актер, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, актерка и Деан Дамјановски, театарски режисер. Селектор на фестивалот е Сашо Димоски. Со цел нивно претставување, во off-програмата на фестивалот, на 20 септември ќе бидат изведени претставите „Последната лента на Крап“ (С. Бекет/Ѓ. Јолевски/Перипетија/МНТ), „Кармен“ (М. Делибес/Д. Пројковски/ Драмски театар Скопје), монодрама на Билјана Драгичевиќ-Пројковска и театарската инсталација за еден гледач „Херои 04:33“ (С. Димоски/ Д. Дамјановски/ НТ „Ј. Х. К. Џинот“, Велес). И годинава ќе се доделат четирите интернационални награди – за најдобра актерка, најдобар актер, најдобра режија и гран при на фестивалот. ки/са/

Остани поврзан