• четврток, 03 октомври 2024

Почнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“

Почнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“
Виница, 9 септември 2022 (МИА) – Од денеска до 15 септември ќе се одвиваат културните настани од програмата на Меѓународниот фолклорен фестивал “Истибањско здравоживо“, што годинава се одржува по триесет и седми пат. Организатор и домаќин на фестивалот е фолклорниот ансамбл „Китка“ од виничкото село Истибања, а се очекува да настапат над 500 фолклористи од 18 домашни и групи од странство. -Отворањето е предвидено за вечерва со фолклорно дефиле и настап на сите учесници на сцената во Истибања. Потоа, како домаќини ќе организираме и Македонска национална вечер на која ќе ги претставиме најдобрите специјалитети од нашата кујна. Годинава имаме гости од Романија, Литванија, Босна и Херцеговина, Египет, Полска, Украина, Алжир, Косово, Чешка и Словенија. Покрај нив, заедно со нашите фолкористи, ќе настапат и седум домашни фолклорни ансамбли со кои имаме повеќегодишна соработка, истакна Стојко Митковски, уметнички раководител на ансамблот “Китка“. По настапот во Истибања, учесниците на фестивалот во наредните денови ќе се претстават и пред публиката во Виница и Македонска Каменица. Придружни активности во фестивалската програмата ќе бидат традиционалното рачно зажнејување ориз и запознавањето на гостите со културно-историските знаменитости на виничкиот регион. Покровител на меѓународниот фолклорен фестивал “Истибањско здравоживо“ е Општина Виница, а манифестацијата се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и од тројца наши иселеници во Германија и Италија. та/сст/  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан