• сабота, 23 ноември 2024

МНРиНТ со осуда за иранскиот ракетен напад врз Израел и терористичкиот напад во Тел Авив

МНРиНТ со осуда за иранскиот ракетен напад врз Израел и терористичкиот напад во Тел Авив

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.

Амбасадата во Тел Авив веќе стапи во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на нашата земја.

Како што се наведува во соопштението, имајќи ја предвид влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум.

Потсетуваме на СОС дежурните телефони на Министерството +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378, која е целосно екипирана и ставена на располагање за нашите граѓани.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел, Иран и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуални насоки за постапување.  ев/са/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан