Јавен состанок на Агенцијата за пошти
- Агенцијата за пошти (АП) денеска на јавен состанок ќе ја презентира состојбата на поштенскиот пазар, тековните активности, плановите и програмите за делување во идниот период.
Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Агенцијата за пошти (АП) денеска на јавен состанок ќе ја презентира состојбата на поштенскиот пазар, тековните активности, плановите и програмите за делување во идниот период.
На јавниот состанок ќе се обрати директорот на АП Сретен Миладиновски по што ќе биде презентирана Анализа на пазарот на поштенските услуги во државава за првото полугодие од 2024 година.
Во Регистарот на Агенцијата за пошти се евидентирани 34 даватели на поштенски услуги, од кои 33 се со лиценци со општо овластување, покрај АД Пошта на Северна Македонија која е со индивидуална дозвола.лв/ев/
Фото: МИА архива