• среда, 31 јули 2024

Почнуваат градежни работи за реконструкција на најстарата црква во Пехчево

Почнуваат градежни работи за реконструкција на најстарата црква во Пехчево

Пехчево, 3 јуни 2024 (МИА) - Се навршуваат 166 години од постоењето на светиот храм Св. цар Константин и царица Елена во пехчевското село Негрево. По тој повод се одржа чествување од страна на свештениците посветено на празникот на црквата во присуство на верниците. 

Во таа прилика  беше објавен и почетокот на градежните активности за реконструкција на кровот на црквата во Негрево.

-Работите ќе се одвиваат етапно, а ќе започнат најнапред на кровот на црквата. Со градежни работи ќе се започне веќе од утре 4 јуни и се очекува реконструкцијата на кровот да заврши до крајот на овој месец, информираа од иницијативниот одбор за реконструкција на црквата.

Верниците и свештениците искажаа благодарност до иницијативниот одбор за реконструкцијата на храмот.

-Им благодариме за нивната посветеност и сериозност во организација на работите како и до сите добронамерни луѓе и општествено одговорни фирми кои го помагаат овој процес на реконструкција, додадоа од свештенството на црквата во село Негрево.

Црквата Св.цар Константин и царица Елена е најстара цеква во Пехчевско и досега во неа не се извршувани активности за нејзина реконструкција. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан