• петок, 22 ноември 2024

МВР: Хеликоптерите фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

МВР: Хеликоптерите фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Полициските хеликоптери денеска фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско, информираат од МВР.

- Одделот за воздухопловни единици на МВР со два хеликоптери од раните утрински часови и во текот на целиот ден дејствуваше на повеќе места каде што имаше пожар и тоа, реоните на општините Старо Нагоричане и Свети Николе. Хеликоптерот Бел 412 во 54 циклуси исфрли над 80 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 исфрли 30 тони вода, соопштија од МВР.

Околу 16 часот и двата хеликоптери се упатиле во селото Стројманци каде што од пожарот биле заробени неколку лица и пожарникари.

- Во најбрз можен рок лицата беа лоцирани и покрај густиот чад и ниската видливост, хеликоптерот Бел 412 дејствуваше на пожарот, додека хеликоптерот Ми 171 извлече 4 лица кои беа заробени во опожарена куќа, а останатите лица беа евакуирани од страна на доброволното противпожарно друштво од Св. Николе со возила, известуваат од полицијата. ир/дма/

Фото: Скриншот

Видео: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан