Почина шпанската глумица Мариса Паредес
- Добитничка е и на почесната награда „Гоја“ во 2018 година, а благодарение на филмовите на Алмодовар, таа постигна и меѓународен успех.
Мадрид, 17 декември 2024 (МИА) - Актерката Мариса Паредес, позната по улогите во филмовите на Педро Алмодовар, почина на 79-годишна возраст, соопшти денеска Шпанската филмска академија.
Парадес глумела во повеќе од 75 филмови и има добиено вкупно 27 филмски награди. Добитничка е и на почесната награда „Гоја“ во 2018 година, а благодарение на филмовите на Алмодовар, таа постигна и меѓународен успех.
На „Х“, Академијата извести дека шпанската кинематографија изгубила една од своите највпечатливи глумици.
Меѓу филмовите во коишто глумеше Паредес, се вбројуваат „Високи потпетици“, „Сѐ за мајка ми“, „Цветот на мојата тајна“, „Кожата во која живеам“. Последен филм каде што таа глуми, е „Излез за итни случаи“, којшто допрва треба да биде објавен. си/
Фото: ИМДБ