Принцезата Ана му подарила кожена тоалетна шолја на кралот Чарлс за Божик
- Кога треба да му се даде подарок на некого што има сè, луѓето од британското кралско семејство за Божик имаат многу дилеми.
Лондон, 17 декември 2024 (МИА) - Кога треба да му се даде подарок на некого што има сè, луѓето од британското кралско семејство за Божик имаат многу дилеми... Но, одговорот, се чини, лежи во смеата и шегите.
Имено, еден таков избор е бела кожена тоалетна школка, којашто принцезата Ана, според наводите, му ја подарила на нејзиниот брат, тогаш - принц Чарлс. Се забележува и дека нивните божиќни подароци секогаш се нискобуџетни.
Дел од традицијата на кралскиот божиќен собир во Сандрингам е и да се разменуваат подароци. Така, наводно, и кралот Чарлс не сака скапи подароци, а тоа го потврдува и неговиот батлер, Пол Бурел.
- Би се засрамил ако потрошите цело богатство на него, вели членот на послугата.
И Дијана им оставала непристојни работи, за да ги засрами другите... Понекогаш, тоа е и целта - за тоа служат и „смешните подароци“ коишто често се среќаваат низ годините.
- Вилијам во една прилика, доби календар со голи жени и целиот поцрвене. (Шегата) успеа, раскажува батлерот. си/
Фото: МИА архива