Потона брод со мигранти во близина на брегот на Јемен, најмалку 13 загинати 14 исчезнати
Кaиро, 25 август 2024 (МИА) - Најмалку 13 лица загинаа, а 14 се водат како исчезнати откако потона брод во близина на Јемен, соопшти денеска Меѓународната организација за мигранти (ИОМ).
Бродот превезувал 25 Етиопјани и двајца Јеменци мигранти во близина на областа Таиз кога потонал, соопшти ИОМ.
Телата на 11 мртви мигранти, меѓу кои и две жени, се пронајдени на брегот на заливот Баб ал-Мандаб, еден од најважните светски поморски патишта за транспорт на стоки. зш/