• петок, 20 декември 2024

Рама реагираше по хаосот во парламентот: Ние сееме, тие уништуваат

Рама реагираше по хаосот во парламентот: Ние сееме, тие уништуваат

Тирана, 30 септември 2024 ( МИА) - Албанскиот премиер, Еди Рама, реагираше во врска со случувањата во Собранието на денешната пленарна седница, на која пратениците на Демократската партија направија хаос со собраниската сала и ги запалија столчињата, откако ги изнесоа пред собраниската зграда.

- Доаѓајќи овде некој ми ја пушти оваа слика... ова е оган запален со столчињата на пратениците избрани да седат и да ги претставуваат оние што ги гласале и тоа како знак,  на револт против судска одлука, рече Рама на средбата  „Пратеникот што го сакаме“.

Рама понатаму рече дека „политиката има моќ да сее но и истребува“.

-Денес од нас се очекува одговорност, политичка претпазливост и посветеност на реформите кои ги опфаќаат европските вредности. Верувам дека меѓу овие две гледишта, се разбира не апсолутна туку релативна, денес овде има поделба меѓу нас, оние кои се обидуваат да лечат, садат... и оние кои уништуваат, откорнуваат, палат,  рече Рама.

Реагираше и Нико Пелеши, координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија и до неодамна министер за одбрана.

-Собранието треба да биде храм на етиката и почитувањето на правото, а не сцена каде насилно се крши законот. Нашите пратеници не се таму за да се караат со столчиња, туку да се расправаат со зборови. На пратеникот не може да му се толерира ништо што му е забрането на обичниот граѓанин. Уште повеќе насилство, порача Пелеши. вт/

Фото: принтскрин ФБ Рама

Остани поврзан