• четврток, 26 декември 2024

По педесет години, нови улици во населбата „11 Октомври Бараки“

По педесет години,  нови улици во населбата „11 Октомври Бараки“

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска присуствуваше на започнување на градежните активности во населбата „11 Октомври Бараки“ за реконструирање на улиците.

Како што информираат од Општина Кисела Вода, овие улици се реконтруираат после речиси пет децении, а населбата добива нови паркинг места, детско катче, како и кошаркарско игралиште

-Денеска  сме во населбата „11 Октомври Бараки“, односно, во делот на т.н. Дивоградби каде што, по сведоштвата на жителите на овој дел од Кисела Вода, нови улици добиваат после пет децении. Пет децении лажни ветувања, пет децении само и само лажна надеж пред секои избори и поплавени куќи, при секој дожд, беа зборовите со кои ме пречекаа. Јас ветив и денес сум тука да го исполнам мојот збор. Оваа голгота останува само едно бледо сеќавање, трите краци на булеварот ,,Борис Трајковски” добиваат нови паркинг места, детско катче за најмладите жители тука, кошаркарско игралиште и нови улици на површина од 1620 метри квадратни. Со овој зафат, се решава целата населба со реконтруирана патна инфраструктура. Моите заложби за модерна општина Кисела Вода по мерка на мојот народ остануваат високо на листата на моите приоритети. Продолжуваме со засилено темпо, онолку колку што ќе ни овозможат временските услови во сите населени места на територијата на нашата општина. Во Кисела Вода нема да има улица без модерни и реконтруирани улици. Мојот народ  заслужува, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. љм/са/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан